Home Спорт Шок во Челзи: Конте сака да си оди!?

Шок во Челзи: Конте сака да си оди!?

Неверојатна ситуација на „Стенфорд Бриџ“. После сезоната за паметење и убедливо освоената титула Антонио Конте влезе во расправа со раководството и сериозно размислува да го напушти Челзи.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Конте е исклучително незадоволен од раководството и нивното однесување во преодниот рок. Италијанецот веќе го предал списокот со желби на кој се наоѓаат: Ван Дијк, Бонучи, Лукаку, Наинголан, Мората, но како што поминуваат деновите така овие фудбалери се се подалеку од „Стенфорд Бриџ“.

Мората е на чекор од Манчестер Јунајтед, Ван Дијк, Бонучи и Нанголан најверојатно ќе останат во своите клубови, а за Лукаку раководството на Челзи не сака да ја плати сумата која ја бара Евертон, односно 100 милиони евра.

Поради сето ова Конте сериозно размислува да замине, а таквата одука нема да му биде ништо ново, бидејќи пред неколку години го остави Јувентус откако веќе почнаа летните припреми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…