Home Спорт Шок! Нико Розберг се повлече од Формула 1

Шок! Нико Розберг се повлече од Формула 1

Новиот шампион во Формула 1, Нико Розберг денес ги шокираше своите фанови, но и сите љубители на најбрзиот спорт и најави крај на кариерата!

31-годишниот Германец стана шампион во неделата во Абу Даби, завршувајќи ја последната трка од сезоната зад колегата Луис Хамилтон.

Возачот на Мерцедес оваа шокантна одлука ја обелодени на прес конференција во ФИА и потврди дека ја напушта Формула 1.

„Се искачив на планината, сега сум на врвот, така што чувствувам дека ова е вистинската одлука“, напиша Розберг на Фејсбук.

„Сега сакам да уживам во моментот и да го почувствувам во следниот период, да се навраќам на сезоната што измина и да уживам во секое искуство на кое ќа наидам на мојот пат понатаму. Ќе свртам нова страница во животот и ќе видам што ме чека понатаму“, додаде шампионот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…