Home Актуелно Шилегов со букет цвеќе ја предаде градоначалничката функција на Данела Арсовска

Шилегов со букет цвеќе ја предаде градоначалничката функција на Данела Арсовска

Данела Арсовска денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, а тој ја пречека Арсовска во нејзиниот нов кабинет со букет цвеќе.

-Изборот е на госпоѓа Арсовска во однос на тоа кои од проектите ќе продолжи да ги работи. Сепак тоа што е завршено како проектна документација ќе биде завршено од страна на г-ѓа Арсовска, рече поранешниот градоначалник на Град Скопје .

Тој нагласи дека во администрацијата се вработени квалитетни луѓе кои на новата градоначалничка ќе ѝ помогнат во извршување на работите.

Арсовска денеска на првиот работен ден како градоначалничка на Скопје нема да дава изјави, во среда ќе има брифинг со новинарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…