Издавачката куќа „Слово“ ја издаде „За мерилото на вкусот“ од Дејвид Хјум


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Деновиве, во познатата едиција Логос, издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави книгата „За мерилото на вкусот“ од Дејвид Хјум, шкотски филозоф и историчар, кој силно влијаел врз англиската и европската филозофска мисла од XVIII век.

Книгата ја приреди и ја преведе нашиот познат естетичар, професорот Иван Џепароски. Освен што е автор на изборот на есеите и на преводот, Џепароски е автор и на обемниот предговор кон изданието во кој зборува за филозофската мисла, а пред сè, во овој случај, за естетичката мисла на Хјум. Исто така книгата е опремена со неопходната литература и белешки.

Земајќи предвид поголем број мислења на одделни филозофи, вклучително и на историите на естетиката на англиското јазично под­рачје, професорот Џепароски во предговорот истакнува дека „се покажува особеното место на Дејвид Хјум во рамките на естетиката и на историјата на естетиката. Затоа и може со сигурност да се утврди“, додава Џепароски, „дека шкотскиот филозоф, историчар, еко­но­мист и теоретичар на религијата Дејвид Хјум (1711-1776) е, несомнено, најзначајниот претставник на бри­тан­скиот емпиризам и водечка личност на шкотското и британското просветителство“.