Шест трика за темниот тен од летниот одмор да ви трае подолго


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќето дами преферираат потемен тен, меѓутоа, еден месец по враќањето од годишнот одмор, бакарната нијанса на тенот исчезнува, еве како да го продолжите траењето на темниот тен добиен од сончање.

Кремата со заштитен фактор е задолжителна

За да се заштитите од изгореници од сонцето и лупење на кожата, важно е пред да се изложите на сонце, добро да се заштитите. Многумина сакајќи да го задржат темниот тен, дополнително се изложуваат на сонце, а тоа резултира со изгореници. Кожата почнува да се лупи, мртвите клетки се заменуваат со нови. Затоа, секогаш со себе имајте крема со заштитен фактор!

Редовно хидрирајте ја кожата и пијте многу вода

За да спречите дехидрација на кожата која лошо влијае на тенот, важно е после секое туширање добро да ја хидрирате со соодветна крема. Ова ќе го спречи сушењето и лупењето. Кожата се хидрира и одвнатре, што значи дека внесувањето вода е видливо и на лицето и на телото. Редовното хидрирање на кожата пред и по изложување на сонце, го продолжува траењето на темниот тен.

Избегнувајте јаки средства за туширање

Читајте ги декларациите и изберете шампон или гел за туширање што содржи повеќе прородни состојки. Исто така, за подолго траење на вашиот темен тен, пожелно е да избегнувате туширање со многу топла вода.

Не тријте ја кожата со крпа и нанесете масло

Агресивното триење на кожата со крпа после капење треба да се избегнува. Наместо тоа, тапкајте ја кожата со мека крпа, а потоа нанесете масло. Фармацевтите сметаат дека лосионите за тело треба да се заменат со масло во периодот по одморот, бидејќи тоа дава подобар ефект и придонесува за подолго задржување на темниот тен.

Прескокнете ја депилацијата

Познато е дека со депилација го отстранувате и мртвиот површински слој на кожата кој е исончан, па доколку сакате да ја задржите бакарната боја подолго време, користете жилети некое време.

Овошје и зеленчук со портокалова и црвена боја

Морковите, црвените јаболка и бобинките содржат каротеноиди, кои заедно со пигментот меланин се одговорни за потемнување на кожата под сончевите зраци. Така, морковите ќе и обезбедат на вашата кожа квалитетен тен и мекост. Овошјето и зеленчукот во портокалова или црвена боја, најчесто се богати со витамин Ц или бета-каротин и се важни за изгледот на кожата. Тука спаѓаат пиперките (црвена, портокалова, жолта), кои се богати со провитамин А, доматите кои се богати со ликопен – природна заштита од УВ зраците, но и праските, кајсиите и дињите.