Home Шоубизнис Шест милиони долари за „Белведере“: Ќе се обновува славната атракција од Централ Парк

Шест милиони долари за „Белведере“: Ќе се обновува славната атракција од Централ Парк

Њујорк ја обновува најпознатата атракција во Централ парк. Познатиот замок „Белведере“ во њујоршкиот Централ парк на есен ќе биде реставриран, за што ќе бидат потрошени шест милиони долари.

Замокот Белведере, кој е главна атракција на паркот уште од 19 век, мора да се реставрира затоа што кога врне покривот прокиснува.

Најавено е дека ќе биде поставен нов одводен систем и подмладен оригиналниот дизајн.

Замокот последен пат е реставриран во 1983 година.

Претставници на паркот соопштиле и дека се планира додавање нова опрема на игралиштето „Били Џонсон“ на источната страна на паркот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…