Home Актуелно Шест месеци затвор за таткото од Боки 13 за физички напад на свештеникот Стојчев

Шест месеци затвор за таткото од Боки 13 за физички напад на свештеникот Стојчев

Кривичниот суд на Миле Јовановски, за јавноста попознат како татко на Бојан Јовановски – Боки 13, му изрече шест месеци затворска казна откако Јовановски ја призна вината за физичката напад на нивниот сосед, свештеникот Виктор Стојчев.

Миле Јовановски денеска не беше во судницата на изрекување на пресудата. Тој беше обвинет за тоа дека на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

На претходното рочиште Миле Јовановски призна дека на Божик во 2017 го тепал со боксови и клоци неговиот прв сосед свештеникот Виктор Стојчев и оти му нанел тешки телесни повреди.

Јовановски беше обвинет за кривичното дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот законик, за што казната е од 6 месеци до 5 години затвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…