Home Шоубизнис Шест месеци затвор за пејачката – пак да ја навредува реката Нил

Шест месеци затвор за пејачката – пак да ја навредува реката Нил

Популарната египетската пејачка Шерин Абдел Вахан, поради изјавата на концерт во Обединетите Арапски Емирати дека водата во реката Нил е со лош квалитет, беше осудена на казна затвор од шест месеци од страна на судот во Каиро.

Судот во Каиро ја осуди пејачката, која е многу популарна во арапскиот свет, за „ширење на лажни информации“ и „нарушување на јавниот ред“.

Осудената има право на жалба, а плати и кауција од околу 230 евра.

Пред неколку месеци на социјалните мрежи се појави снимка од концерт на кој еден обожавател ја замоли да го испее нејзиниот хит „Сте се напиле ли вода од Нил?“.

„Ќе добиеш билхарзија, посигурно ти е да пиеш Евијан“, му одговори пејачката на обожавателот, осврнувајќи се болестите кои ги предизвикуваат паразитските црви.

Пејачката се извини за изјавата, но од Синдикатот на музичките уметници соопштија дека и се забранети сите настапи во Египет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …