Шест години затвор за Сеад Кочан и три за Авировиќ во случајот „Труст“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на советот кој го водеше судскиот случај „Труст“, судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, ја објави пресудата за обвинетите во судскиот процес.

Сеад Кочан е осуден на казна затвор од 6 години, Василије Авировиќ доби 3 години, а Сафет Ватиќ е ослободен од обвинение.

Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ според обвинението формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“.

Тие во завршните зборови пред судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

СЈО побара фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра.