Home Живот и здравје Шангај објави дека го спречиле најлошиот бран на Ковид-19

Шангај објави дека го спречиле најлошиот бран на Ковид-19

Шангајските власти објави дека најлошите жаришта на инфекција со ковид-19 се ефикасно спречени, по едномесечниот карантин за близу 25 милиони луѓе, а властите ветија дека ќе ја задржат стратегијата за нулта ковид и покрај економските последици.

Бројот на новозаразени во кинескиот финансиски центар е „во постојан надолен тренд” од 22 април, рече шангајскиот заменик-градоначалник Ву Кинг.

„Во моментов превенцијата од епидемијата и контролата на ситуацијата во нашиот град постојано се подобруваат, а епидемијата е ставена под ефективна контрола“, рече заменик градоначалникот на прес-конференција.

Од вкупно 25 милиони граѓани, многумина сè уште се под карантин и се огорчени поради мерките, кои сега влегуваат во втор месец и се спроведуваат како дел од кинескиот „нулта-ковид“ пристап.

Ву звучеше претпазливо, велејќи дека иако локалниот пренос е „ефикасно ограничен“, постои ризик да се врати и градот нема да се откаже од стратегијата за „динамично чистење“. „Не можеме да се опуштиме, упорноста е победа“, рече тој, повторувајќи ги коментарите од состанокот на постојаниот комитет на политбирото на владејачката Комунистичка партија во четвртокот навечер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Тајните на Самоједот: Сè што не сте знаеле за ова снежнобело куче

Тајните на Самоједот: Сѐ што не сте знаеле за овој снежно бел пес Кога за првпат ќе го вид…