Home Актуелно Северна Кореја: 3,5 милиони доброволци се јавиле во војска!

Северна Кореја: 3,5 милиони доброволци се јавиле во војска!

Северна Кореја денеска соопшти дека речиси 3,5 милиони работници, членови на партијата и резервисти доброволно се јавиле да и се приклучат на војската во борбата против САД и отпорот против новите санкции на Обединетите нации, пренесува ТВ АлсатМ.

Официјалниот севернокорејски весник „Родонг Синмун“ наведе дека доброволците се јавиле, откако државните медиуми во понеделникот објавија соопштение со кое се осудуваат новите санкции на ОН како одговор на ракетната проба на Пјонгјанг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…