Home Шоубизнис Северина уапсена среде полициски час – ја чека казна од 50.000 до 150.000 српски динари

Северина уапсена среде полициски час – ја чека казна од 50.000 до 150.000 српски динари

Познатата балканска пејачка Северина Којиќ вчера вечер била уапсена во Белград од страна на полициските служби заради прекршување на одредбата за забрането движење во време на полициски час.

Српските медиуми објавија дека таа и сопругот Игор Којиќ се расправале, по што таа излегла на улица за време на полицискиот час.

Уапсена е откако полицијата ја сопрела во „BMW“ со регистарски таблички од Загреб, без возачка дозвола.

По излегувањето од полициската станица Северина вети дека нема да и се повтори ова.

„По наредба на судија, ќе ми се суди по скратена постапка, а за овој прекршок предвидена е парична казна од 50.000 до 150.000 динари. Ако го повторам ова дело, казната ми е затвор. Ова нема да ми се повтори“, изјави пејачката.

Северина Којиќ синоќа околу 21 часот била затечена во близина на трговскиот центар „Оков“ во Белград. Само ден претходно таа им порача на своите фанови да седат дома.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…