Home Актуелно Селмани: Секој Македонец ќе треба да го научи албанскиот јазик (ВИДЕО)

Селмани: Секој Македонец ќе треба да го научи албанскиот јазик (ВИДЕО)

Ние Aлбанците треба да бараме, претседателот, актуелниот премиер како и секој граѓанин Mакедонец кој комуницира со граѓаните Aлбанци да го учи албанскиот јазик, изјави во емисијата ”ZIGZAG” на Art Channel универзитетскиот професор Башким Селмани.

– Бившиот претседател или актуелниот претседател кој за среќа или несреќа беше избран и со гласовите на граѓаните албанци. Сега со кое право тој иницира да го успори законот за едно природно право кое нас ни припаѓало и ни припаѓа, ние зборуваме албански, само што сега треба да зборуваат и институциите, и ова е суштинскиот проблем. Затоа ние треба да бараме во иднина и претседателот и актуелниот премиер треба да го научи албанскиот јазик. Тие кога ќе дојдат на 20% од албанските територии треба да го научат албанскиот јазик и ние треба да бараме секој македонец кој комуницира со граѓаните албанци исто така да го учи албанскиот јазик, рече Селмани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…