Селфи фотографиите го зголемија бројот на смртни случаи: Од оваа причина загинале 259 луѓе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Желбата за екстремни селфи фотографии резултирала со 259 смртни случаи забележани во периодот од 2011. до 2017. година, покажаа податоците од овогодинешното истражување.

Истражувачи од Американската национална медицинска библиотека препорачуваат воспоставување зона на забрана за правење селфи фотографии на опасни места за да се намали бројот на трагедии.

Тие места ги вклучуваат врвовите на планините, високите згради и езера, каде се забележани најмногу смртни случаи. Паѓања, несреќни при транспорт се најчестите причини за смрт. Исто така, во светот има доста смртни случаи кои се поврзуваат со животни, струја, оган и оружје.

Во јули оваа година 19-годишниот Гавин Земерман паднал и загинал додека правел селфи на врв во Австралија. Томет Франкфутер загина во Националниот парк Yosemite во Калифорнија во септември откако падна во провалија длабока 250 метри обидувајќи се да направи селфи. Најмногу смртни случаи поради фотографирање се забележани во Индија, Русија, САД и Пакистан, а се работи за 72,5 мажи. Податоците покажуваат дека бројот на смртни случаи е во пораст.

Во 2011. година погинале тројца, но тој број до 2016. година се зголемил на 98, додека изминатата година бројот изнесувал 97.