Села тврди: „Гласав за Законот за јазици – ова е масло на ДУИ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако вчера се прошири информацијата, а беше поткрепена и со записникот од гласањето, за тоа кој гласал, а кој не гласал за Законот за јазици, Зијадин Села вели дека вчера го гласал контроверзниот закон, иако на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал.

Тој во изјава за „Фокус“ тврди дека некој очигледно сака да си игра политика, па го избришал неговото име.

„За тоа треба да се обратите до собраниските служби, тие мора да знаат што се случило. Јас кога гласав си покажа дека е гласано. ДУИ најверојатно стои позади тоа заради ниска пропаганда – додаде Села.