Home Спорт Сега и официјално: Јунајтед стана најтрофеен клуб во Англија!

Сега и официјално: Јунајтед стана најтрофеен клуб во Англија!

Манчестер Јунајтед вчера и официјално стана најтрофеен англиски клуб, откако со победата во финалето на Лига купот стигна до својот 42-ри трофеј во историјата што е најмногу во англискиот фудбал.

Долги години Ливерпул беше најтрофејниот клуб во Англија, но вчера на тронот се искачи Манчестер Јунајтед. Односот на освоени трофеи е 42-41 во корист на „црвените ѓаволи“, кои уште пред неколку сезони станаа клубот со најмногу титули во домашното првенство.

„Мојот најголем предизвик не е што ќе се случи во овој момент, најголем предизвик ми е да го симнам Ливерпул од престолот. Можете така да напишете“, рекол Алекс Феркусон, легендарниот менаџер на Јунајтед, кога бил именуван за менаџер на тимот во далечната 1986 година.

Манчестер Јунајтед:
Првенство – 20
ФА куп – 12
Лига куп – 5
Лига/Куп на шампиони – 3
Куп на победници на купови – 1
Светско клупско првенство – 1

Ливерпул:
Првенство – 18
ФА куп – 7
Лига куп – 8
Лига/Куп на шампиони – 5
Куп УЕФА/Лига Европа – 3.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…