Седми Меѓународен џез фестивал во Прилеп


Традицијата вели: Аргентина ме демантира!? - 14 ден ↓↓↓



Општина Прилеп со задоволство Ви го најавува Меѓународниот џез фестивал во Прилеп, кој годинава по седми пат, од 30 август до 1 септември, ќе се одржи на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Во изминатите 6 изданија, на фестивалот настапиле многу познати музички имиња од светот на џезот, од повеќе држави од Европа.

Годинава фестивалот нуди многу интересна програма, која е комбинација на џез од земјите од Медитеранот (Италија, Франција и Грција,) пресликани преку перфомансите на Kekko Fornareli Trio, Le Bal Pourri и Palette Ensemble, врвен балкански џез од страна на Vasil Hadzimanov BEND, мултикултурен перформанс на Yordan Kostov на кој ќе ни се претстават артисти од различни континенти. Фстивалот нуди  и квалитетна џез презентација на македонски бендови кои одлично котираат и се презентираат на европската и светската сцена, бендот на Владимир Четкар и скопјаните FIERCE.  Финалето оваа година е резервирано за Деца лоших музичара, бенд од Србија, кој во изминатите триесетина години на љубителите на џезот им има приредено многу незаборавни моменти.

Важно е да споменеме дека фестивалот ја задржува традицијата со понуда на OFF програма, која граѓаните ќе можат да ја проследат на 28 август (вторник) во кафе „Сидро“ , на 29 август (среда) во Џез клубот „Take Five“, како и на 2 септември (недела) во културниот простор „The Residence“ во с.Плетвар.

Целосната програма со повеќе детали може да се види на следниот линк:   www.prilepjazz.mk

Ве очекуваме!