Сеад Кочан – „Невин сум!“, СЈО – фалсификат документите се клучен доказ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По 3 часа расправа заврши првото рочиште за случајот Труст на СЈО, во кој првообвинет е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија, дека со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. На следното рочиште на 21 ноември е закажана доказната постапка.

Сеат Кочан денеска се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство.

За невини се изјаснија и второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ. За адвокатката Сања Алексиќ, бранителка на 2 обвинети и на правните лица, вештачењето на СЈО е нерелевантно.

Обвинителот Гаврил Бубевски во воведното излагање рече дека обвинетите Сеат Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.

-Главното е дека со невистинита документација е добиен тендер за кој се исплатени 17 милиони евра. Целокупната постапка по однос на јавната добивка, ја прави ништовна и со тоа самите средства што се добиени се противправна имотна корист. Невистинитоста на документацијата е есенција на кривичното дело, изјави Бубевски.

На прашањето дали е можно, доколку врз основа на бомбите, докаже дека Никола Груевски и Влатко Чинговски се вмешани во овој случај, оваа постапка да се прошири и со други обвинети, Бубевски рече дека во овој момент тие немаат прибавено вакви докази, освен она што го тврдат бомбите.

Адвокатот на третообвинетиот во Труст Сафет Ватиќ, Митко Јанчев, смета дека неговиот клиент не е никакво голем играч, како што се создаде мислење во јавноста и е неправедно обвинет и дека тоа наскоро ќе излезе на виделина.

На прашањето, дали е можно дека тој е можеби измамен од останатите обвинети, со испраќањето фотокопии до Силекс Неметали, Јанчев рече дека тоа е работа што треба да ја утврди Обвинителството и Судот, но истакна дека фирмата ВАТо не дала невистините документација.