Home Спорт Се спрема интересна промена во Примера

Се спрема интересна промена во Примера

Раководството на шпанската фудбалска лига планира да направи важна промена во Примера за следната сезона, пренсуваат шпанските медиуми.

Имено, претседателот на лигата Хавиер Табас ја разгледува идејата за воведување на асиметричен систем за извлекување на програмата. Во мометов се користи симетричен систем што значи дека кога се врши ждребот програмата е веднаш јасна за секое коло.

На пример, ако во првото Реал Мадрид падне со Валенсија, а во второто со Виљареал, во вториот дел од шампионатот паровите повторно ќе се сретнат со иста последователност, а се променува само домаќинството.

Планот е на стартот на вториот дел од шампионатот да има нов ждреб. Па така можно е Барселона и Реал Мадрид да играат еден против друг во последното коло од полусезоната, а после уште во второто или третото коло од втората полусезона.

Во моментов асиметричен систем имаат само Премиер лигата и Шемпионшип дивизијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…