Се смирија или Канје си прави реклама?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раперот и продуцент Канје Вест на своите пријатели од музичката индустрија им открил дека ја обновил романсата со својата сопруга, американската старлета Ким Ккардашијан, тврди извор за Page Six.

Медиумските шпекулациите за продолжувањето на љубовната врска меѓу Канје и Ким започнаа откако 40 годишната старлета е видена како го држи за рака својот сопруг при напуштање на забавата во чест на новиот албум на Вест „ Donda” во Чикаго.

Истата вечер Ким му се придружила на Канје на сценската венчална кореографија на промоцијата од албумот, облечена во бела венчаница.

Добро информираните тврдат дека со вакви уметнички перформанси Канје Вест сака да постигна што поголема продажба на албумот во споредба со амбумот на ривалот Дрејк.

-Канје на другарите рапери им кажал дека тој и Ким се повторно заедно, но сите знаат дека тоа не е вистина. Канје со вакви информации сака да го победи Дрејк во продажбата на албуми и да привлече што поголем интерес од медиумите, отркил извор близок до Ким и Канје.