Се скратува траењето на церемонијата за Оскарите и се воведува нова награда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Организаторите на церемонијата за доделувањето на престижните филмски награди Оскар објавија дека поради слабата гледаност на церемонијата, истата ќе ја скратат на најмногу тричасовно траење на програмскиот пренос. А новост е и воведувањето на нова категорија во наградите – награда за најпопуларен филм.

Во писмото до членовите, управниот одбор на Американската академија за филмски уметности и науки, се наведува дека некои од 24-те Оскари ќе бидат доделени за време на паузите за реклами, пренесуваат американските медиуми.

Промените, кои ќе бидат воведени на свеченоста на 19 февруари, 2019 година, се голема пресвртница во доделувањето на најпрестижните филмски награди во филмската историја, а се воведуваат после долгогодишниот пад на гледаноста на овој пренос.

A post shared by The Academy (@theacademy) on

Доделувањето на Оскарите во март оваа година во САД го гледаа само 26,5 милиони гледачи, најмал број во 90-годишната историја на доделувањето на овие награди.

Во писмото до Академијата не се наведуваат деталите за новата категорија која ќе биде воведена за најпопуларен филм, како ни за категориите за кои наградите ќе бидат доделувани за време на рекламните пораки.

Доделувањето на Оскарите редовно трае речиси четири часа.