Мотиватор на денот: Роден е без раце, но тоа не го спречило да стане бербер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Габиел Хередиа е млад Аргентинец со импресивна и инспиративна животна приказна која ќе ве мотивира никогаш и под ниедни околности да не се откажувате од своите соништа и стремежи, независно на какви пречки ќе наидете.

20-годишниот Габриел е роден со физички хендикеп, без горните екстремитети. Но, тоа што се родил без раце не го спречило да го исполни својот сон и да стане успешен и славен бербер. Почнал да се занимава со овој занает кога имал 14 години, а го инспирирала неговата мајка, фризерка.

Почнал да вежба, да ги следи светските трендови и со упорност станал успешен. Тој иако со хендикеп, научил да вози велосипед, мотор ,па дури и автомобил. Завршил редовно училиште со голема помош на неговите соученици.

Неговото семејство му помогнало да го отвори својот прв салон во местото Сан Исидоро. Оттогаш станал најпознат бербер во Аргентина.