Home Актуелно Се превртел со тракторот: Тракторист од Сирково загина на патот за Росоман

Се превртел со тракторот: Тракторист од Сирково загина на патот за Росоман

50-годишниот жител на росоманското село Сирково со иницијали К.Ј загинал денеска околу седум часот, откако се превртел тракторот со кој управувал, на стариот пат од селото кон Росоман.

Тој починал на лице место како последица на здобиените повреди, информираат од МВР. Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…