Home Спорт Се огласи претседателот на ПСЖ: Нејмар останува 2.000%

Се огласи претседателот на ПСЖ: Нејмар останува 2.000%

Веќе подолго време се шпекулира дека Нејмар не е среќен во Париз и дека на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ.

Овие шпекулции особено се засилија последните денови откако медиумите открија дека Реал Мадрид веќе работи на трансферот и дека самиот Нејмар го притиска ПСЖ да го пуштата да се врати во Шпанија.

Сега конечно се огласи и првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кој категорично потврди дека Брзилецот останува на „Паркот на принцовите“.

„Тоа се шпанските медиуми, тие секогаш прават сензации, но нема никаква шанса Нејмар да замине од клубот. Тој ќе остане 2.000% во ПСЖ“, изјави Ал-Келаифи.

Унаи Емери претходно говореше за Нејмар и истакна дека Бразилецот не се прилагоди во целост на условите во Франција, но и тој смета дека Нејмар ќе остане во Париз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…