Home Спорт Се огласи поранешен италијански голман: Паѓав 30 метри, вистинско чудо е што сум жив

Се огласи поранешен италијански голман: Паѓав 30 метри, вистинско чудо е што сум жив

Вчерашната трагедија во Италија кога се сруши мост во Џенова ја потресе Италија и целиот свет, а потоа преку социјалните мрежи и медиумите се огласија неколку познати спортисти.

Стоперот на Џенова и соиграч на Горан Пандев, Доменико Кришито преку својот Инстаграм профил откри дека десетина минути пред трагедијата поминал преку мостот.

По Кришито се огласи и поранешниот голман на Каљари, Давиде Капело.

Капело е 35 годишен поранешен голман на Каљари, а сега откри дека тој бил на местото кога се случила големата трагедија.

„Чудо е што сум жив. Одев кон Џенова и бев на мостот. Слушнав голема бучава, а во следниот момент се се сруши. Паѓав 30 метри со автомобилот, луѓето кои беа таму ми помогнаа да излезам. Навистина е неверојатно што останав жив“.

„Често пати поминував по тој мост, тој е еден од најкористените во државата. Ја гледав улицата како се руши и тоа беше шок. Не сфаќам како мојот автомобил помина без поголема штета, ова е вистинско чудо“, изјави поранешениот голман на Каљари.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…