Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот холивудски американски актер Барт Рејнолдс почина вчера на 82-годишна возраст. Актерската ѕвезда од филмски серии како „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал во болница во Флорида.
Познат како еден од опасните момци на американската филмска сцена, Рејнолдс ја започна кариерата на филмското платно во култниот филм „Deliverance”.
Го глумеше и полицискиот детектив Ден Огуст во истоимената серија, а во 1997 година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога во „Boogie Nights“.