Home Вебкафе Се качил во авион за Сиднеј, завршил во Канада – дознајте ја неговата луда авантура

Се качил во авион за Сиднеј, завршил во Канада – дознајте ја неговата луда авантура

Студент од Холандија, Милан Шипер, бил воодушевен кога успеал да купи карта за Сиднеј по поволна цена, но вистинското изненадување следувале кога слетал. Наместо во Австралија, тој се нашол во канадскиот Сиднеј.

За медиумите тој изјавил дека без двоумење ја купил картата бидејќи била многу поповолна од останатите.

Неговиот план бил веднаш по слетувањето да се упати на некоја плажа, меѓутоа во Канада го пречекала вистинска бура, а во својот багаж тој носел само една јакна.

Шипер почнал да сфаќа дека нешто не е во ред, кога во Торонто требало да се премести во друг помал авион од Ер Канада.

„Авионот навистина беше мал, па си прашував како ќе успее да стигне до Австралија“, рекол тој.

Медиумите пишуваат дека ова не е прв ваков случај патниците да купат карта за Сиднеј во Канада, наместо за нивната посакувана дестинација во Австралија.

Вработените во авиокомпанијата му помогнале на студентот да купи карта за да се врати дома, а на аеродромот го чекал татко му кој слатко му се смеел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…