Home Актуелно Се излеа нафта од потонат брод во Охридското Езеро

Се излеа нафта од потонат брод во Охридското Езеро

Денеска во каналот Студенчишта, кој се влева во Охридското Езеро, потона бродот „Мис Стоун“. Како што велат очевидци од терен, од бродот е излеана нафта низ целиот канал и веќе е стигната до Охридско Езеро.

Според рибарите, кои и покрај излеаната нафта рибареа, вчера сè било во ред и, како што велат, најверојатно, инцидентот се случил во текот на ноќта бидејќи кога дошле во 6 часот утрово нафтата веќе била излеана.

Од езерската полиција велат дека не знаат ништо за инцидентот, иако нивната зграда се наоѓа на само неколку метри од местото каде што потона бродот. До 11 часот сè уште немаше излезено никој од надлежните институции да го испита овој еколошки инцидент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…