Home Спорт Се е договорено: Пјаниќ потпишува нов договор!

Се е договорено: Пјаниќ потпишува нов договор!

Плејмејкерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ ќе потпише нов договор со италијанскиот шампион до крајот на неделата, пренесуваат италијанските медиуми.

Денес се очекува средба меѓу агентот и раководството на клубот за да се договорат последните детали од новиот договор, со кој Пјаниќ ќе остане во Јувентус до 2023 година.

Ова лето имаше многу понуди за Босанецот, но „старата дама“ се одлучи да го задржи во своите редови Пјаниќ и ќе го награди со нов, побогат договор.

Во моментив Пјаниќ заработува 4,5 милиони евра по сезона, а според новиот договор ќе добива 6,5 милиони евра плус бонуси и ќе биде трет најплатен фудбалер во тимот после Роналдо и Дибала.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…