Се бара професионален мастурбатор за годишна плата од 30.000 евра – еве ги условите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако барате работа, оваа би можела да биде одлична вест за вас. Еден британски секс шоп бара човек за вработување чија задача ќе биде да ги испробува нивните секс играчки.

Не само што ќе добиете бесплатни секс помагала, видео игри и долна облека, туку за тоа ќе ве плаќаат и 30.300 евра годишно, а сè што треба да правите е да ги тестирате производите и да напишете искрена критика за истите.

Вашите обврски ќе вклучуваат испробување на разни производи од асортиманот на секс шопот, одлучување за истите кои се секси, а кои не, и како да се направи да бидат подобри.

За тоа ќе треба да напишете јасна и информативна рецензија, а ако потенцијалните купувачи имаат некое дополнително прашање, ќе мора да им бидете на располагање за да им одговорите. Извештаите ќе ги објавувате преку социјалните мрежи, а зависно од задачата, од вас може да се бара да снимите и видео (надвор од спалната соба).

Ако се сметате за ентузијасти, искрени и писмени, ако сметате дека имате смисла за хумор, немојте да чекате. Огласот за пријави трае до 15 септември.