Home Актуелно СДСМ во предност во Центар и Карпош, ВМРО ДПМНЕ во Кисела Вода

СДСМ во предност во Центар и Карпош, ВМРО ДПМНЕ во Кисела Вода

Телевизија Телма објави анкета за тоа која партија води во кои скопски општини, но без прецизни бројки, со објаснување дека статистичка грешка е поголема од 6 отсто.

Според анкетата, лканидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, убедливо води во анкетата на Телма пред противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Јовановски.

Во Карпош Стефан Богоев од СДСМ би требало да го победи Стевче Јакимовски од ГРОМ уште во првиот круг.

Кандидатит на СДСМ за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тесно води пред Владо Мисајловски од ВМРО ДПМНЕ. Во Аеродром Златко Марин од СДСМ и Ивица Коневски од ВМРО ДПМНЕ водат мртва трка.

Во Кисела Вода Јохан Тарчуловски од ВМРО ДПМНЕ води пред Филип Темелковски од СДСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…