Home Актуелно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денес ги почнуваат преговорите за законот за Јавно обвинителство

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денес ги почнуваат преговорите за законот за Јавно обвинителство

Првата средба меѓу преговарачите од СДСМ, Бојан Маричиќ (советник на претседателот на партијата Зоран Заев) и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ (советник на Христијан Мицкоски, првиот човек на партијата), во врска со законот за Јавно обвинителство, е закажана за денес. Двајцата советници ќе ја договараат динамиката на преговорите.

Според одредени медиуми, во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се уште траат експертските анализи на најновата верзија на Законот за ЈО, што Министерството за правда им ја испрати на крајот од минатата година.. Од СДСМ пак очекуваат в среда да им бидат испратени конкретни позиции и амандмани побарани од најголемата опозициска партија.

Она што е познато од драфт верзијата за предлогот-закон е тоа дека сите надлежности на СЈО одат во рацете на Вилма Русковска и Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Разговорите претходно беа во застој со месеци, а последната верзија на законот за обвинителство е трета по ред во период кој опфаќа повеќе од една година. Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархељи и францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, испратија пораки дека добро е законот да биде донесен пред следниот состанок на Европскиот совет.

Заев вчера истакна дека се откаѓал од намерата за директна средба со Мицкоски и дека работи на тоа да обезбеди двотретинско мнозинство, односно поддршка од најмалку 80 пратеници за изгласување на законот. Сепак, останува констатацијата дека за тоа треба да ја ибеди и независната пратеничка група која беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, Мицкоски ја одби поканата за лидерска средба со Заев, а неговата партија нагласи дека е за донесување на законот, но не за таков кој ќе и донесе политички пеони на власта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…