Вебкафе

Саудиска Арабија донесе скандалозен закон: 15 години затвор за тој што носи дрес од Барса – еве ја причината

Властите во Саудиска Арабија доденесоа закон со кој ќе ги казнува со 15 години затвор и 150 илјади евра сите оние кои ќе облечат дрес од шпанскиот клуб Барселона.

Проблемот е во тоа што спонзорот на Барселона Катар Ервејз ги прекина сите дипломатските односи со Саудиска Арабија, а сличен закон во иднина би можел да биде донесен и во Арапските Емирати, Египед и Јемен.

Инцидентот помеѓу Саудиска Арабија и авионскиот гигант настана кога во понеделникот ги прекина сите дипломатски односи со Доха, под осуда дека тие одржуваат врски со терористички групи и секти кои сакаат дестабилизација на регионот.

Земјата ги затвори сите граници кон Катар и ги забрани сите летови кон и од оваа земја.

Катар Ервејз е спонзор на Барселона веќе четири години, но од почетокот на следната сезона спонзорот Катар Ервејз ќе биде заменет со новиот нивни спонзор, јапонскиот Ракутен.

To Top