Музика

Сара Мејс со „Копито“ се враќа на голема врата на музичката сцена

Со најавен („тизер“) видео-исечок од нејзиниот нов спот и песна, „Копито“, Сара Мејс го најави своето враќање на голема врата на нашата музичка сцена, после паузата поради мајчинството после раѓањето на ќеркичката Илина.

Автор на песната е Александар Ристевски-Принц (кој се појавува и во спотот), на бас е Џоле Максимовски, а на тапани е Дино Милосављевиќ.

„Ова е ново, преубаво искуство за мене, можност да пробам нешто ново во музиката, различен стил за кој се надевам дека ќе ѝ се допадне и на публиката“, изјави Мејс.

To Top