Сантос најдобар селектор, Диего Симеоне најдобар тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи Фернандо Сантос за најдобар селектор, а Диего Пабло Симеоне за најдобар тренер во светот во 2016 година.

Фернандо Сантос признанието го доби бидејќи со Португалија успеа да го освои Европското првенство. Португалецот доби 199 бодови, 128 повеќе од Ларс Лагербек, кој со Исланд беше најголемото изненадување на Европското првенство.

Во првите пет уште се германскиот селектор Јоаким Лев, селекторот на Велс, Крис Колман и предводникот на Франција Дидие Дешамп.

Наградата за тренер на годината замина кај стратегот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне. Аргентинецот доби пет поени повеќе од тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Трет во овој избор е Клаудио Раниери кој со Лестер ја освои титулата во Премиер лигата, а потоа следуваат Пеп Гвардиола, Унаи Емери, Луис Енрике, Јирген Клоп.