Сантиметри го делеа од сигурна смрт (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во босанскиот град Добој минатиот викенд се случи стравична сообраќајка во која еден пешак имаше огромна среќа за неколку сантиметри да се спаси од речиси сигурна смрт.

На снимката која е објавена, а направена од безбедносни камери, се гледа пешакот кој оди по тротоар додека од далеку се приближува едно возило.

Во рок од неколку секунди, по тој автомобил, се појавува уште еден обидувајќи се да го престигне. Во истиот момент, првото возило се обидува да сврти лево и тогаш се случува страшната сообраќајна несреќа, која пешакот го избегнува буквално за сантиметри.

Хрватски „Индекс“, повикувајќи се на информации од локалните портали, пренесува дека во едно од оштетените возила било и дете, но дека во инцидентот нема сериозно повредени.