Заев: „Навистина не е момент за ветинг во судството“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако евроамбасадорот Самуел Жбогар, во неговата вчерашна изјава, порача дека ситуацијата во македонското правосудство не е така лоша за да се применува ветинг, македонскиот премиер Зоран Заев, на новинарско прашање во врска со овој апел од Жбогар, изјави дека нема потреба да се прави ветинг и кај нас, како во Албанија.

Порача дека треба само да се прочистат малкумина нечесни судии и обвинители, за кои се има сознанија за незаконски или ненавремени постапувања.

„Навистина не е момент за ветинг, заради тоа што ветингот ја отсликува состојбата на наша пријателска Албанија, којашто беше навистина во поразлични состојби од нашето правосудство. Но, секако не е сјајна работата во правосудството. Така да ние почнавме процес на прочистување на правосудството и не треба да користиме поимот ветинг, ако е ветинг сега треба да се подредиме позади Албанија, па да чекаме да поминеме, навистина немаме потреба. Но, за да можат да работата сите чесни судии и обвинители мора се направи прочистување на оние малкумина нечесни, со индиции сериозни за навлезеност во незаконски постапувања, ненавремени постапувања, држење предмети во фиока, поништување на предмети и враќање на почеток, застарување на предмети и сето тоа коешто претставува проблематика, со зборови на нашиот народ кажано. Очекувам дека самите институции согласно сегашната регулатива, а тоа е Законот за судски совет и Законот за судовите и Законот за антикорупција го дава, ќе си постапат по самите закони. При самото такво постапување ќе го направат прочистувањето“, изјави Заев.