Home Спорт Санчез: Манчестер Јунајтед требаше да го купи Видал!

Санчез: Манчестер Јунајтед требаше да го купи Видал!

Притисокот во Манчестер Јунајтед се покачува постојано бидејќи цели 5 години не станал шампион, а во летниот преоден рок донесоа само три засилувања.

Мурињо, а се чини дека и фановите не се задоволни од тоа што во клубот пристигнаа само Фред, Диого Далот и третиот голман Лиј Грант.

И една од ѕвездите на тимот, Алексис Санчез го изрази незадоволството од засилувањата и истакна дека Манчестер Јунајтед требало да го купи Артуро Видал.

„Ние од Манчестер Јунајтед треба да земаме големи играчи со искуство. Видал е неверојатен играч, мој пријател и сонародник. Тој е тип на фудбалер каков што Јунајтед треба да купува. Секогаш сака да победува и е гладен за успех. Играч со таков менталитет е многу важен за секој тим. Мислам дека Јунајтед требаше да се обиде да го донесе“, изјави Санчез.

Видал пред неколку дена го напушти Баерн Минхен и се пресели во Барселона за сума од 22 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…