Само 5 години постара од неговата ќерка: Оваа секси плавуша го излудува Борис Џонсон


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Бившиот министер за надворешнио работи на Велика Британија, Борис Џонсон, наводно е заљубен во 30-годишната „спин“ докторка Кери Еплс Сајмондс.

Првите муабети за искрите меѓу нив почнаа уште во март, на прославата за нејзиниот 30-ти роденден, каде Џонсон, како што пишуваше Daily Mail, танцувал до изнемоштеност веројатно за да ја восхити 24 години помладата плавуша. Таа тогаш беше шефица за комуникации на британската Конзервативна партија.

Меѓутоа, тоа не беше прв пат Џонсон и Еплс да се дружат. Заедно беа и на романтична вечера еден месец претходно, за празникот Свети Валентин.

Еплс наводно е и причината што Борис, после 25 години брак и многу разделби и смирувања, конечно се разведе од сопругата Марина, со која ја има 25-годишната ќерка Лара. Се зборува дека Марина веќе не можела да ги поднесе неговите вонбрачни афери и дека далеку помладата Ејплс била капката која ја прели чашата.

„Кери е морална, таа би му рекла да ја направи вистинската работа или воопшто нема да се меша. Таа би сакала сè меѓу нив да биде официјално, не би сакала тој да ја изневерува сопругата. Таа е многу морална“, вели извор за Daily Mail, опишувајќи ја младата „пи-ар“ експертка како „многу, многу интелигентна, амбициозна и секси жена“.