Home Спорт Саки му порача на Перез: Купи го Дибала!

Саки му порача на Перез: Купи го Дибала!

Шпанска „Марка“ која е блиска до Реал Мадрид и секогаш добро информирана за случувањата во „кралскиот“ клуб на својата денешна насловна страна го стави Пауло Дибала, како примарна трансфер цел на Флорентино Перез.

Весникот тврди дека легендарниот Ариго Саки му дал совет на претседателот Перез да го купи Пауло Дибала, кој моментално блеска во дресот на Јувентус.

„Марка“ тврди дека Саки е во исклучително добро односи со Перез и често му служи како негов трансфер советник, па му го прдлагал Дибала уште кога овој играше во Палермо.

Дибала уште го нарекуваат и „новиот Меси“, а „Марка“ тврди дека Јувентус веќе одбил понуда од 80 милиони евра и за да се убедат „бјанконерите“ да ја пуштат својата ѕвезда ќе требаат најмалку 100 милиони евра.

„Кралевите“ се надеваат дека во целата трансфер операција ќе можат да вклучат некои фудбалери кои се инетресни за Јувентус, како Мората, Иско и Хамес Родригез.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…