Home Актуелно „Сакам да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат“- уапсен подметнувачот на пожарите во Грција

„Сакам да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат“- уапсен подметнувачот на пожарите во Грција

„Ми се допаѓа да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат да ги изгасат пожарите“, наводно рекол, според грчките медиуми, 35-годишниот маж кој беше уапсен за подметнување пожари во општината каде што загинаа најмалку 90 лица.

Веројатно е дека уапсениот не е поврзан со катастрофалниот пожар во понеделникот, туку потпалувал во следните денови, односно во периодот меѓу 26 и 31 јули, но сепак предметот е во рацете на јавниот обвинител да покрене истрага дали има вмешаност со пожарот од 23 јули.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, 35-годишниот со запалка палел сува трева, и стои зад пет пожари, а бил уапсен во моментите кога сакал да подметне уште еден. Имено, бил забележан од граѓани, кои го пријавиле, веднаш пристигнала полиција, а пироманот се обидел да побегне, но бил уапсен.

Мажот се гони кривично за подметнување пожари кои ставија во опасност човечки животи.

Извор: Курир

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…