Home Актуелно САКАЛО ДА СЕ РАЗЛАДИ ВО ВОДА: Трагедија, се удави 10-годишно дете!

САКАЛО ДА СЕ РАЗЛАДИ ВО ВОДА: Трагедија, се удави 10-годишно дете!

Вчера попладнето, во општата болница во Дебар, донесено е десетгодишно дете од областа Голо Брдо без знаци на живот.

– Нешто по 18 часот во нашата болница беше донесено дете кое не даваше знаци на живот. Попусти беа обидите да го реанимираме, па за жал моравме да констатираме смрт, која настапила како последица на давење во вода. На телото на детенцето немаше траги на насилство,-изјави Баки Алили, директор на дебарската општа болница.

Според локалната албанска полција станува збор за А.Д.(10), по потекло од селото Мало Острени, кое живеело во Драч, а било дојдено на гости кај неговите роднини.

Немилиот настан се случил во 17:20 часот, кога за да се разлади влегло во водата од резервоарот на малата централа во селото и почнало да потонува.

Детето веднаш било извадено од вода и поради близната било транспортирано во Општата болница во Дебар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…