Сагата меѓу Интер и Икарди се завршува, Ванда повторно се огласи!

Маури Икарди веќе повеќе од еден месец натпреварите на Интер ги следи од трубините откако одби да тренира заедно со тимот.

На Икарди најпрво му беше одземена капитенската лента, а причините за тоа клубот официјално се уште не ги соопшти. Од тогаш Аргентинецот одби да игра под изговор дека е повреден.

Иако лекарските прегледи утврдија дека Икарди не ја зборува вистината и дека е спремен за игра, сепак аргентинскиот напаѓач одбиваше да тренира со остатокот од тимот, а тренерот Спалети и понатаму одбива да го повика за натпреварите.

Многумина ја обвинија неговата сопруга и менаџер Ванда Нара за целиот скандал, бидејќи се започна околу одолговлекувањето на потпишување нов договор.

Раководството на Интер во последните недели имаше неколку состаноци со играчот и неговата сопруга, а по се изгледа дека ситуацијата набрзо ќе биде решена и Икарди ќе се врати на терените.

Тоа го потврди и самата Ванда Нара и најави дека ситуацијата конечно ќе биде решена.

„Имавме состанок со директорот Марота и не постои проблем. Блиску сме за се ова да заврши. Мауро се опоравува од повредата на коленото и поради тоа не игра. Нема никакви проблеми со соиграчите и сигурна сум дека ќе се врати со тимот наскоро“, изјави Ванда.