Руските олимписки медалисти добија нови BMW автомобили


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како и нивните колеги од претходната Олимпијада и овогодинешните руски олимпијци кои од Олимпијадата во Токио се вратија со медал, на подарок добија луксузни „BMW“ автомобили.

Станува збор за моделите „X5“ и „X3“, кои на спортистите им го подари непрофитната организација Фонд за поддршка на руските олимпијци, додека клучевите од возилата на спортистите им ги предаде Димитриј Медведев.

Како што пренесува руската новинска агенција ТАС, церемонијата за примопредавање е одржана оваа сабота во Кремљ а поделени се 77 автомобили. Доделени се 31 „BMW X5“ модели за освојувачите на злато, додека останатите добиле „X3“.