Home Актуелно Руската безбедносна служба тврди дека Дугина била убиена од украинска платеничка

Руската безбедносна служба тврди дека Дугина била убиена од украинска платеничка

Руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) излезе со нови детали поврзани со трагичната смрт на Дарја Дугина, ќерка на Александар Дугин, кој важи за главниот креатор на политичката и национална идеологија на Кремљ.

Од ФСБ соопштија дека зад убиството на руската новинарка Дарја Дугина стојат украински специјални служби. Според нив, сторителот е државјанката на Украина, Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

„Убиството на новинарката Дарја Дугина е расветлено, го подготвиле украинските специјалци, сторителот е државјанката на Украина, Наталија Вовк, која исчезнала по злосторството во Естонија“, велат од ФСБ, објави руската агенција ТАСС.

Наталија Вовк

„Како резултат на комплекс од итни оперативни и истражни мерки, Федералната служба за безбедност го реши убиството на руската новинарка Дарија Дугина, родена во 1992 година“, нагласуваат од ФСБ.

„Таа пристигна во Русија на 23 јули 2022 година заедно со нејзината ќерка Шабан Софија Михајловна, родена во 2010 година. На денот на убиството, Вовк и Шабан беа на литературниот и музички фестивал „Традиција’, каде Дугина беше почесен гостин“, соопштија од ФСБ.

Се зборува дека Вовк изнајмила стан во истата зграда во која живеела Дугина за да дознае за нејзиниот начин на живот. Се вели дека Наталија возела „Мини Купер“, при што возилото влегло во Русија со таблички на Доњецката Народна Република, а биле користени регистерски таблички на Република Казахстан додека возилото се користело во Русија, како и украински таблички при напуштање на земјата.

„На денот на убиството, Вовк и нејзината 12-годишна ќерка присуствувале на фестивалот за литература и музика „Традиција“, каде Дугина беше почесен гостин“, соопштија од ФСБ.

Според нивниот извештај, по експлозијата на автомобилот што го управувала Дугина, Вовк и нејзината ќерка ја напуштиле Русија, преку регионот П’сков до Естонија. Од ФСБ соопштиле дека својата информација за истрагата ја предале до Истражниот комитет.

Во саботата навечер автомобил кој, според истражните органи, го управувала новинарката и политиколог Дарја Дугина, се запалил додека бил во движење. Таа починала на лице место. Според прелиминарната верзија, експлодирала направа поставена во автомобилот.

Украинскиот претседателски советник Михајло Подољак негираше дека Киев стои зад смртта на Дарја веднаш откако беше објавена информацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…