Home Актуелно Русите тврдат дека во Мариупол го убиле „најсмртоносниот снајперист на светот“: „На бојното поле не издржа ни 20 минути“

Русите тврдат дека во Мариупол го убиле „најсмртоносниот снајперист на светот“: „На бојното поле не издржа ни 20 минути“

Руските медиуми пренесуваат дека руските специјални сили го убиле канадскиот снајперист Вали за 20 минути откако тој излегол на бојното поле во Украина.

-Канадски снајперист, кого пропагандата го нарече „Најсмртоносниот снајперист на светот“, а за кого Невзоров рече дека ќе убива по 60-70 Руси на ден. Тој е убиен од руските специјални сили во Мариупол дваесет минути по пристигнувањето, пишува во објавата на Телеграм.

Снајперистот, кој бил член на елитната 22-рата кралска ескадрила на канадската армија, служел во Ирак и Авганистан и учествувал во курдските борби против ИСИС.

Претходно тој изјави дека се приклучува на борбите во Украина, бидејќи, како што рече, сака да им помогне на луѓето кои веќе две недели се под инвазија на руската армија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…