Home Актуелно Русија тврди дека припадниците на Азов преговараат како терористите од ИСИС: „Нудат размена на украински цивили за храна и лекови“

Русија тврди дека припадниците на Азов преговараат како терористите од ИСИС: „Нудат размена на украински цивили за храна и лекови“

Руската новинска агенција РИА пренесува тврдење дека „украинските милитанти што се вселија во Азовстал понудија да разменат цивили за храна и лекови“. Агенцијата се повикува на „претставник на штабот за операцијата за ослободување на Азовстал“.

„Мораме да одржуваме контакти со нацистите од Азов што се вселија таму и со претставниците на СБУ (Безбедносната служба на Украина) во интерес на спасување на цивилите што останале таму. Во текот на преговорите ни понудија да размениме цивилни заложници за храна и лекови, и тоа по 15 заложници за тон храна и лекови“, рекол соговорникот на руската новинска агенција.

Како што рекол, повеќе од 200 цивили, меѓу кои жени, деца и стари лица, може да се наоѓаат во катакомбите на фабриката.

Претставникот на штабот рекол дека руската војска наишла на исти методи во Сирија кога преговарала со терористите на ИСИС. „Понудија и размена на ослободените луѓе за храна и лекови во ист сооднос“, тврди соговорникот на РИА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…