РУСИЈА НЕ ГО МЕНУВА СТАВОТ: За неа сме Република Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тоа што власта во Македонија по секоја цена е решена да го промени уставното име на Македонија прифаќајќи го контроверзниот договор од Преспа, за Руската федерација се уште остануваме – Република Македонија!

Руската амбасада во Македонија преку Твитер соопшти дека Русија ја признала Македонија под уставното име пред повеќе од 26 години и својот став нема да го промени.

Инаку, веднаш по референдумот во кој македонските граѓани го одбија Договорот од Преспа, руското МНР соопшти дека Западот е решен да го вклучи Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на граѓаните.

– Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведуваат од МНР на Русија.