Home Актуелно Рот денеска на средба со македонскиот државен врв

Рот денеска на средба со македонскиот државен врв

Пратеникот од германскиот Бундестаг, воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика, Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје преку Твитер порача дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами. Патем, напиша тој, македонскиот е јазик во Европа на културни различности!

-Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!, напиша на Твитер Рот.

Германскиот пратеник Рот е на средба со претседателот Стево Пендаровски, по што треба да се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…