Home Спорт Роналдо тврди: Барса купува фудбалери да играат за Меси

Роналдо тврди: Барса купува фудбалери да играат за Меси

Многу интересна сторија донесува шпанскиот медиум „Диарио Гол“, а се однесува на Кристиано Роналдо и неговото мислење за најскапото засилување на Барса, Осман Дембеле.

Францускиот фудбалер минатото лето пристигна во Барселона во трансфер вреден 105 милиони евра, а како што пренесува шпанскиот извор Роналдо во тоа време им рекол на своите соиграчи дека никогаш немал слушнато за Дембеле.

„Барса сите нив ги купува за да играат за Меси. Така беше со Нејмар, така ќе биде и со овој новиот“, наводно им рекол Роналдо на своите соиграчи.

Тешко е да се поверува во тоа дека Роналдо никогаш немал слушнато за Дембеле со оглед на фактот што Французинот играше за Борусија Дортмунд. Но, секако може да се поверува за неговото мислење во врска со Меси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…